The Honuds синоќа во домот за култура Марко Цепенков на летната сцена го одржа својот прв авторски концерт на кој што беше промовиран нивниот втор албум. Публиката имаше можност за прв пат да ги слушне овие песни, затоа што албумот официјално се уште не е промовиран. Гости на концертот им беа Добрила Грашеска и Илија Волчески.
„Се подготвуваме 2 месеци со интензивни проби во склоп на настапите кои ги имавме. Го свириме целиот втор албум кој го работевме изминатава година и половина и неколку песни од првиот албум. Генерално музиката која ќе ја свириме никој ја нема слушнато и сакам да напоменам дека ова ќе биде само концертна промоција, албумот се уште не е издаден, ќе се издаде до крајот на годината. Ова што ќе се слушне вечерва, ќе се слушне само овде и сега, па наредно после Нова Година“, истакна Златко Карчески, фронтмен на The Hounds.
Новиот албум има 8 песни и една бонус трака од претходниот албум „Кај ни се срцата“. Во моментов во тек било подготвувањето на видео записи за песните, пред истите да бидат промовирани.
„Тематиката стандардно се обидуваме да биде социјално тематика, знаеме да зборуваме и за љубов, но генерално зборуваме за животот кој што не опкружува и секојдневните проблеми, па и убавини кои не опкружуваат“, додаде Карчески.
За многу кратко време пуштање на уште една авторска песна како сингл пред да се промовира целиот албум.