Исклучително успешно стартуваше пописот во земјавa. Последниот податок покажува дека некаде 94.500 граѓани се попишале, што е исклучително успешно имајќи предвид дека беше недела и дека е прв ден за попис, оцени денеска премирот Зоран Заев.
„Вчера се чувствував горд граѓанин на оваа наша земја, затоа што по 20 години со апелот на сите политички субјекти, со сите општественици, со професионалниот кадар на статистика под раководство на директорот Апостол, нашите граѓани, попишувачи во 50-те региони, исклучително успешно стартуваше пописот во нашата земја. Последниот податок е дека некаде 94.500 граѓани се попишани што е исклучително успешно имајќи во предвид дека е прв ден за попишување и дека е недела. Сакам да им честитам на сите попишувачи но најмногу на сите граѓани“, кажа Заев.