Пописот на населението повеќе од еден час е во прекин поради пад на интернет врската. Првиот човек на Државниот завод за статистика, Апостол Симоски, за Сител, вели дека во координација со интернет провајдерот се прават напори да се воспостави врската и непречено да продолжи статистичката операција.
Според Симовски, апликацијата совршено функционира, но како што вели, постои глобален проблем со интернетот низ целата земја.
„Околу еден час нема интернет и е оневозможено попишувањето. Нема проблем во апликацијата со која се спроведува пописот, туку проблемот е во интернет конекцијата“, вели Симовски.
102