ВИДЕО – Конески го одреди клучниот идентитетски знак на еден народ – јазикот – манифестација 100 години од раѓањето на великанот


Во селото Небрегово денеска се одржа централната свеченост по повод 100 годишнината од раѓањето на кодификаторот на современиот македонски јазик, Блаже Конески и 20 годишнината од формирањето на Фондацијата која го носи името на овој наш великан. Овој јубилеј влезе и списокот на значајни настани за 2021 на УНЕСКО. Беше потенцирано дека делото на Блаже Конески донесло мир на овие Балкански простори.

„Тој го одреди клучниот идентитетски знак на еден народ, а тоа е јазикот. Македонскито јазик, останува нашата трајна вредност, приидобивка и секако должност на оваа Влада и на сите генерации да тоа дело понатаму го чуваме и развиваме“, вели Роберт Алаѓозовски, национален координатор за култура.

На манифестацијата се истакна дека Конески е нашиот светилник кој секогаш го осветлува патот на големиот број премрежија и бури кои ги имала Македонија и Македонскиот народ.

„Блаже Конески е столбот во македонската култура, литература и поезија. Блаже Конески е визионерот на се што се случува во општественото живеење, кој се потпира на трајни темелни редности, започнувајќи од Кирил и Методиј, Климент и Наум, Крсте Петков Мисирков, Кочо Рацин и сите други“, додаде Атанас Конески, секретар на фондацијата „Блаже Конески“.

На 19 декември на неговиот роденден МАНУ ќе има промоција на целокупните дела на Конески во форма на критичко издание, со кои ќе се увидело воспоставување на континуитетот на Блаже Конески на старослевенската книжевност и јазик, средновековието и 19 век.

 „Уште Партениј Зографски средината на 19 век се обидува да направи современа граматика на тогашниот современ словенски јазик, за да стигнеме преку неколку такви кодификациски обиди, до Крсте Петков Мисирков кој го поставува теоретскии основите на современиот македонски јазик, што и Блаже Конески ги презема и го заокружува тоа дело“, потенцираше академик Катица Ќулавкова, МАНУ.

Денеска беа промовирани и неколку книги поврзании со ликот и делото на Конески.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи