4 години Инфо Компас – Вашата вистинска дестинација до објективна информација!

На 26 септември пред точно 4 години започна приказната наречена Инфо Компас. Нова свежина во прилепскиот медиумски простор, чие создавање беше поттикнато од идејата за креирање на нешто поинакво, уникатно и необременето со политички багаж и позадина.

4 години потоа Инфо Компас остана достоен на она што беше првичен мотив за негово создавање, граѓанска платформа за „малиот човек“, каде граѓанинот слободно може да ги искаже сите негови ставови, размислувања, проблеми, но и радости и успеси.

Инфо Компас остана единствениот портал во регионов со своја сопствена видео продукција на прилози од секојдневните случувања во пелагониско, видео репортажи и документарни филмови, а веќе 7 месеци имаме и свое студио каде се продуцира емисијата Инфо Регион.

Наша сопствена продукција е и тинејџерската емисија „Наше Време“, како и единственото хумористично сатирично шоу во Прилеп „Пејо со знај“. Со овие емисии Инфо Компас полека се доближува кон тоа да постане мини интернет телевизија.

И она на што сме особено горди е секојдневната поддршка која ја добиваме од читателите и граѓаните уште од самото создавањето на медиумот, кои во Инфо Компас препознаа вистинска дестинација до објективна информација.

Заедно со Вас продолжуваме понатаму!

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи