Историска победа на женската фудбалска репрезентација со новата селекторка Катерина Милеска

По пауза од 7 години прва победа во квалификациски натпревар за женската фудбалска репрезентација до 17 години, а воедно и прва победа како селекторка за капитенката на ЖФК „Деспина“, Катерина Милеска.
Одлична игра на ситe фудбалерки на натпреварот со Молдавија во кој извојувавме победа со 4:0 и во кој имавме целосна доминација и многу пропуштени шанси.
Воедно, ова е и најубедлива победа во досегашната историја на У-17 на еден официјален квалификациски натпревар.
Од женскиот фудбалски клуб „Деспина“ дел од овој историски триумф беа фудбалерките:
-Кристина Павлоска
-Анастасија Илиевска
Исто дел од репрезентација беше и Михаела Настовска која е производ на младинската школа школа на ЖФК „Деспина“, а ова лето направи трансфер и во новата сезона настапува за екипата на Ријека во Хрватска.
Честитки до сите фудбалерки, стручниот штаб и кординатор на женските селекции Петре Илиоски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи