Сопственикот на Њукасл, Мајк Ешли добил предлог од 300 милиони фунти за клубот, објави Би-Би-Си. Според информациите зад понудата стои финансиската компанија, PCP Capital Partners.
Претходно во септември, Ешли објави дека сака да го продаде клубот. Сопственикот на спортската компанија „SportsDirect“ ја намалил саканата цена на 380 милиони фунти. Дејството на Англичанецот било диктирано од фактот дека сакал да го продаде клубот до крајот на годината.
Се верува дека понудата на „ПЦП“ била понудена минатата недела и таа сериозно се разгледува. Доколку биде прифатена ќе се стави крај на 10-годишното владеење на Ешли, откако тој го купи клубот за 134.4 милиони фунти во 2007 година. Клубот забележа добивка од 900 илјади фунти и обрт од 126 милиони во сезоната 2015-2016, пред тимот да испадне во Чемпионшип дивизијата.
Стевели беше на трибините за мечот Њукасл-Ливерпул, кој заврши 1:1, и се верува дека нејзината компанија е единствена со кредибилитет која дала понуда. Новите сопственици би сакале да го добијат правото на именување на стадионот „Сент Џејмс парк“, кој во моментов се нарекува „Спортс дајрект арена“.
За десетгодишниот престој на Ешли, Њукасл падна два пати во второто ниво на англискиот фудбал, но успеа да се врати уште следната година во Премиер лигата. Највисоко рангирање на тимот во овој период е петтото место во сезоната 2011-2012. „Страчките“ стигнаа два пати до четврт-финалето на Лига Купот (2014-2015 и 2016-2017).