Кредибилитетот на нашиот поранешен сопартиец, Петар Ристески, којшто во моментот одработува за интересите на злосторничкото здружување, наречено ВМРО-ДПМНЕ, кај граѓаните на Прилеп е помоножен со нула, реагираат од ОО СДСМ Прилеп на денешниот прес на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Петар Ристески.
Реакцијата ја пренесуваме во целост.
„Изнесените брутални лаги и клевети, својствени за него и партијата која тој ја претставува, служат исклучиво за манипулација на граѓаните и добивање на ситни дневно-политички поени во изборната кампања.
Пред да излезе на телевизија да клевети и да ја лаже јавноста, пратеникот Ристески, треба да знае дека додека Горан Сугарески ја извршуваше функцијата министер за транспорт и врски, ниту ВМРО-ДПМНЕ не се дрзна да му поднесе интерпелација, со што и самите ја потврдија законитоста на неговото работење.
Граѓаните знаат да направат разлика помеѓу чесното и одговорно работење на СДСМ и криминалното 12 годишно владеење на ВМРО-ДПМНЕ.
Дека се движиме на правиот пат и го правиме најдоброто за сите, граѓаните ќе потврдат на денот на изборите, кога Горан Сугарески ќе биде избран за нов градоначалник на Прилеп, а СДСМ и коалицијата ќе имаат мнозинство во Општинскиот Совет“, стои во реакцијата.