Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денеска сам дојде во просториите на Специјалното јавно обвинителство во 12:30.
Засега нема информации дали Груевски е повикан како обвинет или како сведок во некоја од постапките што ги води СЈО.
Груевски е обвинет во неколку предмети на СЈО, а за еден од нив „Насилство во Центар“ во тек е постапка пред Кривичниот суд – Скопје.