На 2-та меѓународна изложба на современа ликовна уметниост „Преку границите“ во Чанг Кил Хван музејот во Кореја, која е отворена на 30 октомври оваа година, македонскиот уметник Златко Крстевски учествува со слика масло на платно димензии 100 x 80 см, а делото е со наслов : Ангелот од „Св. Никола“, дел од циклусот „Tera Magika“, изложено на самостојна изложба во домот за култура Марко Цепенков и на ДЛУБ во галеријата „Магаза“ во Битола.
Крстевски е селектиран и добитник е на специјална награда – сертификат за уметничка вредност од музејот M-Fantapia, потпишан од CEO FATNTAPIA M, менаџерот Чанг Кил Хван и директорот и куратор на музејот Мијунг Таесук. Делото е публикувано во каталог боја на 94 страници пропратен со биографски референци.
На изложбата со слика е застапен и Бурим Ајдини, со графички дела, како и уметниците : Ана Ивановска , Валентина Илијевска, Владо Чоревски и Маја Кировска од Македонија, покрај уметници од Полска, Русија, Еквадор, Турција и други.
Делото масло на платно од Крстевски е донирано и ќе биде дел од трајната поставка од колекцијата на музејот.