Маричиќ: Очекуваме наредната недела да излеземе со конкретен план како ќе функционира Владата

Facebook
Twitter
Email
Print


Министерот за правда и функционер на СДСМ, Бојан Маричиќ, од следната недела најавува конкретен план за тоа како ќе функционира Владата по оставката на премиерот Зоран Заев.

„Неблагодарно е да се зборува додека траат консултациите со коалиционите партнери и внатрепартиските консултации. И денеска ќе има серија на средби, а очекуваме од идната недела да излеземе со конкретен план, затоа што е важно и за граѓаните и за државата. Нас ни е приоритет да се зачува парламентарното мнозинство, бидејќи тоа е и волја на сите коалициони партнери и да ја најдеме, секако, најдобрата формула како да продолжи да функционира Владата во овој момент.

Денеска ќе има сериозна серија на средби, ќе се прави оценка на одговорноста на Централниот изборен штаб и на останатите нивоа, а потоа ќе се договориме што ќе следи во смисла на поднесување одговорност“, рече Маричиќ.

Во врска со тоа дали тој ќе биде следниот мандатар на Владата, Маричиќ вели дека е само шпекулација.

„Тоа е шпекулација, ниту сум разговарал, ниту некој ме прашал, ова освен да го означам како шпекулација ништо друго не можам да кажам“, рече Маричиќ.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира