Веќе 3 години браќата Бојан и Андреј, или попознати како Cyrillic, се вистинско освежување на македонската сцена.
Како што велат, го одбрале името Cyrillic затоа што планираат да бидат преродбеници на електронската музика во државава и да ја доведат до едно светско ниво.
Доказ за нивниот квалитет е настапот на фестивалот Ohrid Calling, каде што ја отворија вечерта за големиот Хардвел, при што делењето на бината со таков диџеј е, како што вели Бојан, исполнување на нивниот сон.
Повеќе околу Cyrillic погледнете во нашето видео интервју.
Во прилог ви го прикажуваме и видеото за нивната последна песна Feel Like во соработка со Iwayo и Dina.