Вчера на ул.„Бидимаж” во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишиле од слобода Ч.Д.(30) и А.Д.(28), двајцата од Прилеп, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана.
Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.