Крушево доби грант 700.000 евра за развој на активниот туризам


Општина Крушево доби грант од над 700.000 евра во рамки на прекуграничната соработка со Албанија. Крушево, општина Елбасан, Албанија, и неколку организации преку овој проект ќе работат на промоција и одржливост на туризмот преку неколку инфраструктурни зафати и други активности.

Во рамки на проектот општина Крушево ќе изгради паркинг до самото полетувалиште заедно со хортикултурно уредување. Ова е реализација на уште едно барање на параглајдеристите кое ќе се комплетира по поставувањето на нова вештачка трева и изградба на објект.

На полетувалиштето ќе бидат поставени и две станици кои ќе го мерат квалитетот на воздухот, брзина и насока на ветрот.

Од остантите активности кои ќе се реализираат:

  • „Даунхил“ патека која ќе овозможи одржување на натпревари во планински велосипедизам на високо, професионално ниво
  • ЛЕД осветлување на Крушево, поконкретно во околината на објектите од областа на културата. Ќе бидат поставени 200 ЛЕД светилки
  • Низа промотивни активности кои ќе ги промовираат двете страни како атрактивни туристички дестинации
  • Обуки и надградување на капацитети на угостителскиот сектор

„Продолжуваме со работа во туризмот. Градиме инфраструктура и меѓународно го промовираме Крушево. Изминатите месеци интензивно работевме на проектот за прекугранична соработка со Албанија и успеавме да го добиеме грантот. Крушево има иднина во туризам!“, изјави градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски.

Добиениот грант е дел од „Прекугранична соработка меѓу Република Северна Македонија – Република Албанија Инструмент за пред пристапна поддрша (ИПА 2) – 2018 2020“.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира