На 11.12.2021 во времето од 14.30 часот до 17.30 часот во Прилеп на крстосницата од ул. „Петар Ацев“ и ул. „Партизанска“ извршен е увид поради случена сообраќајна несреќа во која патничко моторно возило „фолксваген голф“, кое по несреќата напуштило лице место, удрило во пешакот А.Т.(33) од с. Заполжани кој по незгодата бил пренесен во општа болница Прилеп каде му се констатирани тешки телесни повреди.
Увид на лице место извршиле јавен обвинител и екипа од полициска станица Прилеп и се работи на расчистување на случајот.