Со одлука на владата од 14 декември општина Крушево добива нов камион за собирање на отпад и теренско возило.
Оваа одлука е во рамки на подобрувањето на системот за заштита на животната средина во Пелагонискиот регион преку јакнење на институционалните капацитети за комунални услуги и заштита и безбедност на граѓаните, нивните материјални добра и природното и културно наследство.
„Продолжуваме со подобрување на јавната чистота и системот за менаџирање со отпад. Досега набававиме:
Камион за собирање отпадКонтејнериТрактор со плуг за снег и соларкаРовокопачКорпи за отпад“, напиша градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски на „Фејсбук.
Доделените средства изнесуваат 15 868 400 денари, а во оваа ставка спаѓаат општините Битола и Демир Хисар.