ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
Од Министерството за правда за ДВ потврдуваат дека листата за помилување затвореници е повлечена и процедурата ќе започне од почеток. Затворските управи ќе треба да достават нови предлози за помилување.
„Оваа постапка не е јавна и не се објавува во јавност. Неблагодарно е да се објавуваат имиња во рана фаза затоа што станува збор за луѓе што се осудени и имаат свои надежи. Ние ќе се погрижиме да не се најде ниедно спорно име на списоците“, изјави министерот за правда Бојан Маричиќ.
На списокот кој беше објавен во јавноста се наоѓаа 48 лица, за кои затворските управи предложиле делумно или целосно помилување за издржување на казните. Меѓу предлозите беа и имињата на бизнисменот Сеат Кочан, Александар Василевски-Нинџа, сведок на обвинителството за случувањата на 27 април 2017 година, Бобан Илиќ, осуден за убиството на четиригодишниот Алмир во Куманово.