Наш гостин во ова издание на емисијата Инфо Регион е извршната директорка на Рурална Коалиција, Лилјана Јоноски, со која што поразговаравме околу првата онлајн платформа во Македонија за продажба на земјоделски производи на жени од руралните средини насловена како „Наша тезга“. Во „Наша тезга“ во овој момент членуваат околу 100 жени од 8-те плански региони во државава кои преку оваа платформа ги продаваат своите производи низ цела Македонија.
Платформата е отворена за сите жени земјоделки кои сакаат да бидат дел од неа и преку „Наша тезга“ да го развиваат својот бизнис. Зачленувањето е премногу лесно, само преку обична регистрација на интернет страницата, но доколку имате било какви нејаснотии или проблеми од Рурална Коалиција ви стојат на располагање да ги надминете истите и да бидете дел од овој тим.
Дигитализацијата и онлајн продажбите се иднината на македонското земјоделство и тоа е правецот кој што ќе биде се позастапен во иднина и на што многу поголемо внимание треба да посветат како самите земјоделци така и државата.
Повеќе околу оваа навистина интересна тема погледнете во интервјуто.