Се чистат дивите депонии кај Маркова чешма

Од денеска комуналците започнуваат еколошка акција за чистење на 20-сетина диви депонии по патот за Маркова чешма, во викенд населбата и од Склештен мост до излезот на патот за Плетвар. Несовесни граѓани исфрлиле градежен шут, фотељи, јоги, јоргани, пластична покуќнина, најлони, отпадни материјали од градење и што ли уште не.
Со оглед на големиот број диви депонии чистењето ќе се одвива во текот на денешниот и утрешниот ден.
Се замолуваат жителите од населбата да помогнат во лоцирање на диви депонии на посочената локација со нивна информација, доколку некоја депонија не е видлива и не е забележана од комуналните служби.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира