Во потрагата по 10 годишното момче во Мариово вчера учествуваа и членови на Спасителната служба „Златоврв“ кои велат дека според нивни проценки детето ако се загинало во 16 часот не можело да биде заминато повеќе од 5 км надвор од селото. Но иако барале во тој радиус сепак не пронашле никаква трага од него.
„Моментално ние ги пребаравме сите плевни, штали и урнати објекти каде би можело некое младо момче да се засолни. Затоа што теренот е навистина тежок и иако едно момче, како што било тоа, е физички подготвено, бидејќи често оделе во селото, кога ќе се затемни човек навистина се дезориентира доколку не го познава одлично теренот. Наши претпоставки се дека момчето откако е исчезнато и пријавено дека е изгубено во радиус од 5 км. каде и го баравме и бидејќи не носело храна и топла облека претпоставуваме дека е во близина на селото“, истакна Дарко Неданоски, Спасителна служба „Златоврв“.
Се повикуваат сите кои имаат теренски возила и кои сакаат да помогнат да отидат во селото Врбско и со себе да понесат храна и вода.