Министерот за економија Крешник Бектеши информираше дека од следната недела Регулаторната комисија за енергетика ќе почне да носи одлуки со кои ќе се намали цената на горивата.
„Денеска во Собрание најверојатно би требало да се усвои законот за ДДВ и законот за акцизи, а имајќи ги предвид и вчерашните цени на берзата и цената пред два дена, очекувам согласно анализите од утре, а многу е важно да се наведе дека веќе од понеделник ќе имаме не поевтини цени од регионот, но значително поевтини цени, истакна Бектеши“, рече Бектеши.
Бектеши порача дека сега не е време на политиканство, туку време за носење одржливи одлуки кои ќе бидат во интерес на потрошувачите, во интерес на граѓаните, со цел да се влијае врз намалување на цените.
119