По четири години затвор за креаторот и администраторот на групата „Јавна соба“

Facebook
Twitter
Email
Print

По четири години затвор добија креаторот и администраторот на телеграм групата „Јавна соба“, каде што незаконски беа споделувани експлицитни фотографии и видеа од девојки и жени од земјава. Двајцата се обвинети за производство и дистрибуција на порнографска содржина.

Видео запис со сексуална злоупотреба на дете не постаро од пет години во траење од една минута и дваесет секунди најден меѓу илјадиници слики и видео записи во скандалозната група беше доволен доказ Кривичниот суд во Скопје да ги осуди на затворска казна.

Дарко Костовски како креатор на групата и Михаил Паневски како администратор беа обвинети дека во периодот од 19.12.2019 година до 28.01.2020 година биле должни да се грижат за содржината на текстуалните и аудио-визуелните содржини кои се споделуваат од членовите на „Јавна соба“. Но, според судот, тие со умисла дозволиле на групата да се направи достапна содржина на кој се прикажани полови дејствија со дете, со што направиле кривично дело производство и дистрибуција на детска порнографија.

Случајот со „Јавната соба“ беше откриен на почетокот на 2021 година, кога жртвите алармираа за злоупотребата на социјалните мрежи од страна на демначите.

Отворен е и уште еден случај за „Јавна соба 2“, но тој се уште е во фаза на предистрага.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи