Регистрирани 17 нови случаи на ковид во Прилеп – 29 оздравени пациенти

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 2.605 тестови, а регистрирани се 312 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 181, Прилеп – 17, Битола и Кавадарци – по 13, Куманово – 12, Охрид – 11, Велес и Гостивар- по 8, Струмица – 7, Гевгелија – 6, Ресен – 5, Штип – 4, Тетово, Кичево, Берово и Кратово – по 3, Кочани, Струга, Радовиш, Крива Паланка, Валандово и Виница – по 2, Неготино, Дебар и Крушево – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (312), регистрирана е 51 реинфекција.

Регистрирани сe 290 оздравени пациенти од: Скопје – 146, Прилеп – 29, Куманово – 18, Битола и Велес – по 13, Кавадарци – 12, Ресен – 10, Кичево – 8, Гостивар и Тетово – по 6, Струмица – 5, Берово, Крива Паланка и Виница – по 3, Штип, Кочани, Крушево и Македонски Брод – по 2, Гевгелија, Кратово, Неготино, Свети Николе, Пробиштип, Богданци и Демир Капија – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа, регистрирано е едно починато лице: од Радовиш (77г), починато во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 4 починати лица од: Скопје (3) и Крива Паланка (1). Починатите се пријавени во период од 19.02. до 09.03.2022 година. Пријавените лица се на возраст од 66г до 88г. Од пријавените лица, две се починати во болнички услови и две во домашни услови.

Досега во земјата се направени вкупно 1.925.963 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 301.895, бројот на оздравени пациенти е 290.907, на починати е 9.155, а бројот на активни случаи изнесува 1.833.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи