Прилепските велосипедисти, членови на здружението „Маркови Точакџии“, Илија Димитроски и Игор Стојкоски, изведоа велопоклоничка тура и за 3 поминаа 320 км. на дестинација Прилеп-Лесновски манастир и назад.
Првиот ден релацијата била Прилеп-Штип, 125 км, со спиење во Штип. Потоа вториот ден Штип-Лесновски Манастир-Велес 120 км, со спиење во Велес. И третиот ден Велес-Прилеп 80 км.
Најтешка делница им била нагорнината пред самиот манастир и Плетвар на враќање.