Во близина на с. Присад пронајдени и одземени нелегално исечени дрва


Шумската полиција денеска пронајде и одзеде 3,5 метри кубни нелегално исечени дрва во атарот на селото Присад кај Прилеп. Дрвата на ова место стоеле неколку дена и се чекало погоден момент да бидат натоварени од страна на дрвокрадците. Случајот во шумската полиција бил пријавен од страна на мештаните.

 


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира