Се збогатуваат содржините во паркот кај судот

Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци

Во паркот кај Основниот суд, „Комуналец“ работи на збогатување со нови содржини.

Со убавото време паркот кај Основниот суд е еден од најпосетуваните во толите денови. Со оглед на големата посетеност на паркот и барањето од граѓаните да се обнови куќарката, денеска беше поставена нова, на местото на дотраеното и пресечено дрво на кое беше поставена старата куќарка.

Сите ја паметат старата куќарка, која беше отстранета заради нејзината дотраеност пред 3 години, истата беше поставена на крошната од дрвото и претставуваше атракција за најмладите. Новиот модел од куќарката нема можност да се постави како старата, но затоа е поставена на платформа.

Планот на Локалната самоуправа и „Комуналец“ е летово овој парк да добие нови содржини за забава на најмладите.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци