Цената на маслото ќе стигне до 150 денари – надлежните уверуваат дека има доволно

Директорот на „Благој Ѓорев“, Горан Лазов денес изјави дека ќе има доволна количина на масло и граѓаните нема да има потреба да стравуваат и да прават залихи. Според Лазов, цената на маслото ќе изнесува 150 денари и таа после празниците ќе се стабилизира.

„Не очекувам поскапувања. По празникот цената ќе се стабилизира и маркетите ќе бидат полни со масло за јадење. Нема потреба граѓаните да прават залиха, ќе има доволно зејтин на пазарот“, истакна Лазов по средбата со министрите за економија и за земјоделство, Крешник Бектеши и Љупчо Николовски кои ја посетија фабриката.

Според Лазов, „Благој Ѓорев“ има доволно средства да го откупи целото производство на сончоглед од државава, кое што се очекува да биде зголемено со новите мерки од Владата.

„Нашата компанија е единствена која произведува масло за јадење од сончоглед, односно без да набави сурово масло. Имаме капацитет за 40.000 тони сончоглед, но за жал, поради малите површини, лани купивме помалку од 4.000 тони сончолед. Дел увезуваме од Србија и Бугарија  и работиме со капацитет од 15 отсто. Јас како прв директор би бил среќен кога би се вратил сончогледот на нашите полиња. Ќе биде бенефит и за државата и едноставен за работа за земјоделците. Оваа година сум среќен што се зголемува интересот. Велешка Маслодајна има капацитет за 40.000 тони сончоглед да преработиме и резервоари за 16.000 тони сурово масло. Ние ќе го откупиме целокупното производство колкаво и да е. Тоа е платено секогаш на време како компанија“, изјави првиот човек на велешка Маслодајна која го произведува брендот „Кристал“.

Претходно, министрите уверија дека зејтин има, како и суровина.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи