ВИДЕО: ЕФИКС ЕЛЕКТРИКАЛ – бидете енергетски независни и заштедете огромни средства


Време на светска енергетска криза. Енергијата е движечка сила на општествата, без енергија, нема напредок. Бидете енергетски независни. Берзите ќе се стабилизираат, но енергијата никогаш нема да биде со цена како претходно! За да вашата компанија напредува и биде конкурентна на пазарот искористете ја бесплатната сончева енергија. Произведувајте електрична енергија за вашите потреби, но и заработете од нејзина продажба!

„Кога порано повратокот на инвестицијата беше 8,9 или максимум 10 години, меѓутоа со покачувањето на цената на електричната енергија која што е скоро 400% од пред една година, повратокот денес е 2 максимум 3 години. Така да суштината на нивната инвестиција е многу важна за деловното работење на нивните фирми. И тоа што побрзо го направат, тоа подобро за опстанокот на нивните фирми“, вели Зоран Митрески, управител на ЕФИКС ЕЛЕКТРИКАЛ.

Бидете дел од стотиците задоволно компании во Македонија кои го постигнале ова со помош на ЕФИКС ЕЛЕКТРИКАЛ.

„Во многу фирми тие трошоци значат 70 или 80% од вкупните трошоци кои ги имаат фирмите во своето работење. Така што тие би заштедиле 70% во цената на нивните производи, што е огромна заштеда. Што значи ако имаме ефтина енергија, имаме ефтин производ и нормално дека фирмите би опстанале со таков ефтин производ во пазарната конкуренција“, додава Митрески, управител на ЕФИКС ЕЛЕКТРИКАЛ.

И бизнисмените кои ги виделе благодетите на сонцето порачуваат – без ефтина енергија нема конкурентност на производите.

„Што побрзо да ги монтираат, колку толку да одмалат од таа скапа енергија што треба да ја плаќаат, дали ќе направат 30, 40, 50, 70 проценти од целата потрошувачка да ја намалат, тоа сепак ќе биде една голема помош. На крајот на краиштата дојде време каде што треба и мораме да инвестираме во нештото, затоа што ако ги плаќаме овие цени кои сега се, ние никогаш нема да излеземе на пазарот и да дадеме една понуда која е конкурента со околните држави околу нас“, истакна Крсте Блажески, управител на хотел „Дрим“ – Струга

 ЕФИКС ЕЛЕКТРИКАЛ – 4 мегавати вкупна инсталирана енергија низ цела Македонија. Стотици задоволни клиенти. Инсталација на најдобриот светски бренд на инвертери „Фрониус“.

„Немојте да чекате направете го тоа веднаш, што можете поскоро. Затоа што имаме банки кои се расположени да инвестираат во овие системи. Искористете ги тие можности со неверојатно поволни каматни стапки со кои што денес располагаме. Направете го тоа веднаш, денес!“, потенцира Митрески, управител на ЕФИКС ЕЛЕКТРИКАЛ.

Консултација, проектирање, изведба и одржување на соларни системи

www.efixelectrical.com.mk

zmitreski@efixelectrical.com.mk

Контакт: 075 480 380

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи