Од утре со штрајк започнува и Управата за водење матични книги

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми

Утре на штрајк ќе излезат вработените во Управата за водење на матични книги, најави независниот синдикат на Управата.

Шалтерите за поднесување барање за издавање на изводи од матичната книга на родени, венчани, умрени нема да работат додека не им се покачат платите.

Тие бараат донесување на колективен договор на ниво на работодавач, усогласување на платите согласно покачувањата на минималната плата и линеарно покачување на платите на сите вработени во управата.

„Во недостаток на социјален дијалог ова е единствениот пат за достоинствено вреднување на нашиот труд. Бараме да се покачат платите и да се донесе колективен договор за вработените“, велат од Синдикатот за водење на матични книги.

Вработените бараат и унапредување, односно соодветни звања на вработените во управата.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми