Денот на македонската полиција во Крушево


На „Гумење“ во Крушево денес се одржа настанот за одбележување на Денот на македонската полиција со изложување и презентација на опремата со која работи Министерството за внатрешни работи. На настанот присуствуваа градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски и заменик директорот на БЈБ Ариф Асани. И двајцата ги посетија штандовите каде што службите имаа кратки презентации за опремата.

„Ова е еден несекојдневен настан кој за прв пат се одржува во Крушево и добро е што преку овие настани граѓаните одблиску се запознаваат со работата на безбедносните служби. Благодарам за посетата на заменик директорот Ариф Асани и се надевам на уште подобра соработка.”, порача градоначалникот на општина Крушево.

Настанот го организираше МВР со поддршка на општина Крушево.

 

 


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи