На 04.05.2022 на територијата на СВР Битола, полициски службеници спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возила со брзина поголема од пропишаната.
Притоа, санкционирани биле 22 возачи, од кои 7 санкции на територија на Ресен, 3 санкции во Битола, 9 на територија на Прилеп, 1 во Демир Хисар и 2 во Македонски брод.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.