За прв пат во нашиот град групата Прилепски Планинари – Авантуристи во соработка со здружението Вело Че ја организира Прилепска Трансверзала во должина од 70-80 км, на која до денес се пријавени околу 120-тина учеснииции од повеќе градови на Македонија. Во оваа трансверзала, која ќе се одржии утре 07.05 и во недела 08.05, ќе се опфати прилепскиот венец на планините Бабуна и Селечка Планина.
Опис на турата:
– Прв ден на маршутата е пешачење по планината Бабуна со старт од Економски Факултет во 6 часот, преку Маркови Кули,м Трескавец, с. Дабница, рудниците Кукул, Сивец, м.св Ѓорѓи, Борула, Белото, врв Козјак и крајна цел с. Плетвар. каде спијаме во шатори.
– Одмор, вечера( прилепско гравче) обезбедено од организаторите, мала забава.
Вториот ден пешачење по Селечка Планина со старт од с. Плетвар во 6 часот до под врвовите Ливада, Чуле по сртот на Селечка до врвовите Калушоец и Коњарник, врвот Две Стени, превој Слива, врв Веслец и крајна цел с.Штавица или повеќе познат како малиот Холивуд.
– Ручек ( обезбеден од организаторот), мала дружба затворање на настанот.
– Турата спаѓа во тешки тури, и не е за почетници планинари.
Во двата дена се предвидени од по 10-12 часа пешачење со попатните одмори места за освежување и собирање на сила до крајната цел.
Секој учесник е должен да си обезбеди шатор и вреќа за спијање кои што ќе му бидат однесени до местото предвидено за спијање ( товарот од вреќа и шатор не го носи со себе).
За првиот ден секој со себе да си понеси онолку опрема и исхрана колку што му е потребна за тој ден, а остатокот му останува во селото Плетвар за вториот ден.
За исхрана за првиот ден секој да си носи со себе храна за поручек и ручек.
За вториот ден само поручек.
Вода има доволно по текот на целата трансверзала.
Пријавувањето е задолжително.
Котизација за турата е 200 денари.
Во цената е внесено вечера во кампот, ручек на крајот од турата, превозот на опремата од стартната точка до местото за кампување и превоз од крајната цел до Прилеп.