Во првите 4 месеци од 2022 година се случиле 150 сообраќајни несреќи на територија на СВР Битола, од кои 3 со жртви


Статистички гледано минатата 2021 година е година со најмал број на жртви во сообраќајот во последните 15 години на подрачјето на цела држава, а податоците од првите четири месеци од 2022 година покажуваат дека и оваа година продолжува трендот на значително намалување на бројот на жртви во сообраќајните несреќи.

Секторот за внатрешни работи Битола продолжува со засилени активности со цел подигање на нивото на сообраќајна култура и на тој начин намалување на бројот на жртви во сообраќајот.

„Како резултат на активностите што ги спроведуваме евидентен е трендот на опаѓање на бројот на жртви во сообраќајот, бројот на лица кои се здобиле со тешки телесни повреди, телесни повреди.

Податоците за првите четири месеци во 2022 година во Секторот за внатрешни работи Битола покажуваат дека и оваа година продолжува трендот на намалување на бројот на сообраќајни незгоди, како и бројот на жртви во сообраќајните несреќи.

Во првите четири месеци од 2022 година на подрачјето на СВР Битола се случиле вкупно 150 сообраќајни незгоди, додека минатата 2021 се случиле 157 сообраќајни незгоди (намалување за 4.46 %)

Од овие 150 сообраќајни незгоди 103 незгоди се направени во населба, а 47 на отворен пат .

Во сообраќајните несреќи за овие четири месеци има 3 жртви (од кои 2 возачи и 1 патник во возило), а во 2021 година бројот на жртви изнесува 9 (7 возачи, 1 возач на мопед и 1 патник во возило), односно имаме намалување за 66.67%.

Исто така, бројот на повредени лица бележи намалување споредбено со минатата година.

Како најчести причини за сообраќајните несреќи може да ги вброиме брзото возење, како најголем причинител за сообраќајни несреќи, страна на движење, првенство на минување, престигнување, техничка неисправност, растојание, алкохол, грешки кои ги правта пешаците.

Вкупно исконтролирани возачи и возила

  • 2022 година -56.021, од кои 46.021 се покажале како исправни и 10.141 биле неисправни,
  • 2021година-42.128 од кои 33.727- се покажале како исправни и 8.401 биле неисправни.

Вкупно исклучени возила од сообраќај во 2022 се 337,а додека 2021 биле 496возила. Најчеста причина за исклучувањето на возила се набројува необновена регистрација над 30 дена, техничка неисправност на возилото, нерегистрирано, фолии, претовар.

Вкупно исклучени возачи пак за 2022 се 2454 возачи, а додека 2021 биле 1.680 возачи. Најчеста причина за исклучувањето на возачите е управување без возачка дозвола, под дејство на алкохол, возачи почетници, управување за време на впишана забрана, несоодветна категорија.

За овие четири месеци се преземени низа засилени акциски контроли. Само на 07/08.05.2020 спроведена е регионална акциска контрола за алкохол, при што беше откриено присуство на алкохл кај 35 возачи и тие беа исклучени од сообраќај, а беа откриени и 25 останати прекршоци. Исто така, во периодот од 02-08.05.2022 беа отктиени и 43 прекршоци сторени од возачите на мотоцикли. Најчести прекршоци тука се вбројуваат не користење на заштитен шлем, управување без возачка дозвола, како и измината важност на сообраќајна дозвола.

Мотоциклистите спаѓаат во групата учесници во сообраќајот кои  најмногу се  изложени на опасности во сообраќајот  со исклучително висок ризик  за здобивање со смртоносни повреди во случај на сообраќајна незгода.

Оваа констатација се однесува на дел од моторциклистите, претежно на помладите возачи на моторцикли, кои крајно несериозно и со голема брзина управуваат моторцикли, ја игнорираат законската обврска за користење на заштитен шлем (кацига) како за возачот така и за сопатникот, управуваат мотоцикл и разговараат на мобилен телефон или со сопатникот. Сето ова значи опасно одвлекување на вниманието на возачот од безбедното управување на мотоциклот и сериозна опасност за предизвикување сообраќајна незгода. Покрај ова, евидентно е дека, еден голем дел од помладите возачи на моторцикли, вршат непрописно претекнување, не даваат првенство на минување на останатите ранливи категории учесници во сообраќајот, воопшто не користат заштитна опрема итн.

Покрај превентивните акции продолжуваме со засилените акциски контроли за санкционирање на оние учесници во сообраќајот што не ги почитуваат правилата“, велат од СВР Битола.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи