Трајковски со нов рекорд во скок во далечина на отворено

Facebook
Twitter
Email
Print

Андреас Трајковски, член на АК Работнички и репрезентативец на Македонија, вчера на меѓународен атлетски митинг во Лимасол (Кипар) го собори македонскиот рекорд во скок во далечина на отворено со резултат од 7 метри и 41 сантиметар.

Досегашниот Македонски рекорд на отворено во скок во далечина изнесуваше 7 метри и 15 сантиметри, кој беше во сопственост на тројца атлетичари, Зоран Тасевски, Тони Дамчевски и Славчо Мирчевски. Андреас со овој скок го освои 5-то место на митингот.

Прв беше Олимпискиот шампион и Светски првак во сала Милтиадис Тентоглу од Грција со скок од 8 метри и 28 сантиметри, втор беше Рејнод Баниго од Велика Британија со 8.04 метри, додека третото место му припадна на Мохамад Амин Алсалами од Сирија со скок од 7.56 метри.

Ова беше прв натпревар за Андреас сезонава на отворено во скок во далечина, а веќе следната недела го очекува нов настап на меѓународна сцена, на атлетски митинг во Солун (Грција).

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи