Последното ликовно достигнување на прилепскиот академски скулптор Стојаноски е насловено „Panta rhei“

Метал, време, космос, panta rhei…

Прилепскиот уметник Марјан Стојаноски ќе се престави со својата последна изложба пред публиката во Скопје на 16.05.2022, која ќе се одржи во Галерија – Империјал 2.

„Овој опус скулптури има современ призвук кој наликува на пат кон иднината, кон непознатото. Идејниот израз на авторот е отелотворен  визуелно во метал. Делата поседуваат динамизам, тие се асоцијативно- ротирачки формации кои претставуваат рефлекс од едно друго време, рефлекс од безвременоста, рефлекс од вселената. Кругот, неговата моќ и неговото симболистичко сфаќање раскажуваат за panta rhei. Феникс, повторно раѓање, издигнување од пепелта е наративно пораката што ја носи оваа изложба. Стојаноски е патник низ времето, тој волшебно ја менува својата стварност оставајќи траг кој сведочи за творечка физиономија создадена во духот на новото време,“ вели Мирјана Крстева Массетти.

Марјан Стојаноски е роден во Прилеп 1983 година. Средно образование завршува во уметничкото училиште „Лазар Личеноски” во Скопје. После завршување на средно образование, се запишува на Факултетот за ликовна уметност во Скопје, во класата на професорот Ибрахим Беди, каде што под неговото менторство го завршува факултетот. Член е на друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ). Во два наврати е претседател на друштвото на ликовни уметници од Прилеп (ДЛУП) каде што во 2015 година, ја добива наградата за скулптура „Јордан Грабул” од друштвото на ликовни уметници од Прилеп. Има реализирано голем број на изложби, како самостојни, така и групни изложби. Живее во Прилеп, каде што и работи во Центарот за Култура „Марко Цепенков” ликовна дејност.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи