ПРАЗНА ГАЛЕРИЈА – Поглавје 2 од прилепскиот скулптор Методи Исков

Која е цената на уметноста? Прашање кое си го поставувам себеси, но воедно и на публиката. Дали се сведуваме на материјалноста така што културата и уметноста стануваат “ефтини”, прашува прилепскиот скулптор Методи Исков.

„Со оваа скулптура сакам да го доловам концептот на тоа колку ја цениме и вреднуваме уметноста односно дали уметноста е толку евтина што може да ја купиме и во маркет па и во некои случаеви да ја добиеме како гратис.

Оваа инсталација од портрет на античка скулптура и до нејзе поставеното сончогледово масло кое меѓусебно се поврзани со лента на која е испишано „гратис“ е композиција која сметам дека го доловува моментот на маркет, а со поставеноста во ликовна галерија концептот добива сериозна перспектива.

Делото воедно претставува и најава за мојата самостојна изложба која ќе биде поставена во ликовната галерија на НУЦК Марко Цепенков на 3 јуни“, вели Исков.

Инаку оваа Брилијантна скулптура во моментот е изложена во Ликовната галерија на НУЦК „Марко Цепенков.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира