МТСП: Започнува интезивна работа на новиот Закон за работни односи

Facebook
Twitter
Email
Print


Министерството за труд и социјална политика од денеска започнува со интезивна работа на новиот закон за работни односи, со цел креирање на нов системски закон кој ќе одговори на потребите на едно современо општество. Од Министерството очекуваат нацрт-верзијата да биде готова пред започнувањето на годишните одмори, а веднаш по нивното завршување да се отвори широка јавна дебата.

„Во подготовката на новиот закон за работни односи, ќе учествуваат сите чинители во општеството, претставници на работниците, работодавачите, Меѓународната организација на трудот, експерти од областа на трудот. Низ отворен дијалог со социјалните партнери, ќе се работи на законско решение кое истовремено ќе обезбеди поголема заштита и унапредување на работничките права, а од кое решение треба да бидат задоволни и работниците и работодавачите“, информираат од МТСП.

Новиот закон за работни односи, велат, ќе биде усогласен со меѓународните стандарди и ќе ја потенцира важноста на социјалниот дијалог. За подготовката на законот, особено е клучна поддршката која Министерството за труд и социјална политика ја добива од Меѓународната организација на трудот.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи