Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
Филмска бркотница се случувало пред околу 1 час во месноста „Бегов забел“ која се наоѓа помеѓу селото Присад и планинскиот премин Дервен. Шумската полиција кога ги забележала дрвокрадците започнала потера со возилото по две лади натоварени со нелегално исечени дрва. Во бркотницата малку е оштетено возилото на шумската полиција кога во него се удрила една од ладите натоварени со дрва.
Во еден момент возилата со дрвата заглавиле во тешко пристапниот терен, а дрвокрадците ги напуштиле и избегале. Екипите на шумската полиција во моментов се обидуват да ги извлечат заглавените возила со дрва, по што истите ќе бидат однесени во подржницата на македонски шуми „Црн Бор“.


