36 млади од 6 земји ја посетија Oпштина Крушево и разговараа со советникот Александра Тирчоска за Крушево, младите и спортот.
Во рамки на проектот „From Zero to Hero“ во рамки на Еразмус+ програма и имплементиран од страна на ЦЕТ платформа Македонија и партнерите млади од Северна Македонија, Србија, Хрватска, Турција, Италија и Грција од 12 до 19 мај престојуваат во Крушево каде се едуцираат и надградуваат на тема претприемништво и спортско образование како алатки за намалување на невработеноста на младите.
Со советничката во Советот на Oпштина Крушево Александра Тирчоска младите разговаараа за состојбата со младите во Крушево, како живеат крушевчани и беа исклучително заинтересирани за параглајдингот и развојот на авантуристичкиот туризам.
Ова е втора посета на млади од повеќе земји како дел од проект на ЦЕТ платформа на Македонија и финансиран од Еразмус+.