Јужна Кореја и САД ги спроведуваат најголемите воени вежби досега

Facebook
Twitter
Email
Print

Јужна Кореја и САД ги почнаа досега најголемите воени вежби во кои ќе симулираат различни сценарија, вклучувајќи и напади врз замислени цели, идентични со севернокорејските објекти каде што се претпоставува дека има нуклеарно оружје.

 

Во најголемата ваква вежба досега ќе учествуваат повеќе од 230 борбени авиони, вклучувајќи 6 „невидливи“за радарите ловци „F-22 Раптор“, уште толку ловци бомбардери од петтата генерација „F-35a“ и 12.000 војници. Според непотврдени извештаи на Јужнокорејските медиуми, во вежбата ќе учествуваат, меѓу другото и два суперсонични бомбардери Б-1Б Лансер

 

Северна Кореја претходно предупреди дека вежбата „Будни прваци“ е провокација која „само ќе повлече по себе уште пострашна одмазда и ќе го забрза самоуништувањето“. Истовремено, Кина ги повика сите страни да ги смират страстите.

 

„Ситуацијата на Корејскиот Полуостров е екстремно чувствителна. Се надеваме дека сите страни ќе сторат повеќе за да го смират конфликтот и да избегнат заемни провокации“, соопшти кинеското Министерство за надворешни работи.

 

Пред една недела Пјонгјанг лансираше усовршена балистичка интерконтинентална ракета. Според Вашингтон, вежбите се со цел да ги зајакнат подготвеноста и оперативните можности на армиите на двете земји, како и да ги гарантираат мирот и безбедноста на Корејскиот полуостров.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи