Напредуваат активностите за изградба на објект на полетувалиштето на Мечкин Камен кој ќе одговори на потребите на параглајдинг првенствата.
„Овој проект е во завршна фаза после препреките кои ги донесе корона кризата. Со објектот параглајдинг првенства ќе можат да се одржуваат на едно повисоко ниво. Продолжуваме со вложување во авантуристичкиот туризам“, изјави градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски.
Објектот ќе содржи сала за состаноци, простор за остава и уште неколку простории за потребите на учесниците на натпреварите.
Во тек се неколку проекти во општина Крушево:
- Асфалтирање на дел од улица Питу Гули
- Изградба на резервоар за вода во с. Пресил