ЈП „Комуна“ Крушево продолжува ао активности поврзани со реконструкција на дел од улица Питу Гули. Денес се работи на уредување на просторот пред црквата Св. Троица. Со овие активности покрај поубавиот изглед пред црквата ќе се отвори простор за уредно позиционирање на контејнерите и патот ќе биде проширен.
Претходно „Комуна“ работеше на поставување на нова водоводна цевка и водоводни приклучоци на домаќинства кои живеат во овој дел од улицата Питу Гули.
„„Комуна“ ќе продолжи да учествува во проектите на општината затоа што сакаме да придонесеме во развојот на Крушево. Денешната активност доаѓа на директно барање од граѓаните кои живеат во овој дел и водат грижа за црквата Св. Троица.“, изјави ВД директорката Станка Ефремова Трајкоска.