Голема хуманитарна забавна вечер и годишна Конвенција на Лајонсите во Прилеп


Лајонс Дистрикт 132, Македонија секоја година прави годишна Конвенција, на која се сумираат резултатите од изминатата година, се избираат нови лидери и се прославува успехот, кога Гувернерот доделува благодарници и признанија на оние кои најмногу се вложиле во хуманитарната работа.

„Оваа година на гордост на сите прилепчани,Гувернер на Дистрикт 132, е Др.Весна Пацаноска, член на Лајонс Клуб Прилеп. По тој повод таа реши Конвенцијата да биде во нејзиниот град на 11.06.2022 година. Истиот ден, вечерта во х. Кристал Палас, во присуство на истакнати лајонси од странство и од нашата држава, други гости, ќе го прославиме лајонизмот и хуманата работа. Лајонсите служат, но и се дружат. Ќе се одржи хуманитарна забавна вечер, каде дел од средствата од картите, ќе бидат за Специјалниот завод во Демир Капија. Ги покануваме сите добри и хумани луѓе, да ни се приклучат, заедно да прославиме и да донираме“, велат од Лајонс Клуб Прилеп.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи