Целта на денешната прес конференција е информативно да се ориентираме кон каде треба да се движиме. Имено последните 2 години имавме катастрофално лоши услови за производство, катастрофални придонеси во производството. Истакна на денешната прес конференција Васко Јосифовски од тутунското здружение „Тутунска надеж“.
„Цените на земјоделските производи се енормно ниски, а трошоците за живот и производство се над плафонот. Власта во целиот овој период се дистанцира до земјоделците, едноставно како да гледаат што е можно повеќе да пропаднеме. Излезот од кризата го гледам во смена на власта. И токму поради тоа денес сакам од ова место да, особено тутунарите, да ги повикам на 18 јуни масовно да се вклучат на протестот на опозицијата се со цел промена на власта, која очигледно се откажа од земјоделците“, рече Јосифовски.