Почитувани земјоделци, почитувани тутунари како човек кој не е член на ниедна политичка партија и е координатор на новоформираните здруженија кои се формираа точно поради манипулациите кои им се правеа на тутунарите, а со цел на нивна заштита ми дава за право секогаш слободно да го искажувам мојот став во врска со сите случувања во земјоделието каде вистината е дека моменталната ситуација во државата е повеќе од алармантна ,да не речам катастрофална што впрочем се чувствува кај секој од нас, вели во соопштението координаторот на новоформираните тутунски здруженија Игор Мирчески.
„Како на економски,финансиски, енергетски па и на политички план,но јас ќе се фокусирам на земјоделието кое е моја сфера на интересирање. Ситуацијата во која ни се наоѓа нашето земјоделие е очајна по нас земјоделците, каде неколку години по ред се соочуваме со ниски откупни цени на нашите производи, нерегулиран откуп, а сето тоа дополнително отежнато со зголемени и високи трошоци за производство.
Нашата влада која требаше да биде наш партнер во овие тешки времиња и која ќе продуцираше низа конкретни мерки за полесно да се преброди овај период не најде соодветен начин да изнајде решенија на ваквата ситуација, а пожалосно е и тоа што дополнително и самата продуцира проблеми со манипулативната и нередовна исплата на финансиската подршка (субвенциите).
Поради сите овие причини крајно време е да одлучиме дали уште ќе седиме дома на фејзбук или ќе преземеме конкретни чекори со кои ќе го повратиме достоинството на земјоделецот и ќе ја спасиме од изумирање најважната стратегиска гранка во државата. Затоа почитувани мои: Доста е од политиканства, време е за сериозни политики!!! Од нас самите зависи“, вели Мирчески.