Кривични за поранешен директор и раководител на „Комуна“ во Крушево

ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крушево, до Основното јавно обвинителство Прилеп, поднесе кривична пријава против Н.И.(39) од Крушево, в.д. директор на Јавното претпријатие „Комуна“ во Крушево и П.Н.(55) од Крушево, раководител на oддел во истото претпријатие, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „несовесно работење во службата“.

Пријавените, во периодот од втората половина на 2018 година до 2020 година свесно пропуштиле преземање службени дејствија, односно не изготвиле соодветни документи за прием на 10 тони – еуродизел гориво во магацинот на јавното претпријатие.

Исто така, не биле извршени требувања за издаден материјал од магацинот со кои се евидентира потрошувачката на гориво и со тоа предизвикале штета од 7.080 литри еуродизел. Н.И. постапил спротивно на законот и со отуѓување на работна машина – трактор ИМТ 539 без донесена Одлука за размена, отуѓување или расходување на основно средство за работа и со тоа го оштетил претпријатието за 400 евра.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира