Регулаторната комисија за енергетика ја донесе својата најнова одлука за малопродажните цени на нафтените деривати во Македонија.
Од полноќ малопродажната цена на горивата повторно се менува, односно цената на бензините ќе се намали за 1,5 денари, а цената на дизелот ќе се зголеми за 0,5 денари.
Согласно новите цени што ќе важат од полноќ, ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе чини 110 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 112, а ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 110 денари за литар.