Започнува санација на улица во центарот на Крушево


Започнува реконструкцијата на улица во центарот на градот која води до жичарницата. Се работи за улица која ги дели улиците Благо Целев и Таќа Бербер и нејзината реконструкција претставува големо барање на граѓаните.

„Оваа улица е една од најпрометните и највидливите затоа што е во самиот центар на градот, а исто така е најкраткиот пат до жичарницата, нешто што е важно особено во зимскиот период. Денес отпочнавме со санација затоа што оваа улица е видно оштетена и бара своевидно тековно одржување“, велат од ЈП „Комуна“ Крушево.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи