Електромотрен транспортер за движење на лица со инвалидска количка по скали презентиран во ООУ „Кире Гаврилоски – Јане“

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.

Денес во основното општинско училиште „Кире Гаврилоски – Јане“ беше презентиран електромотрен транспортер (гасеничар) чија намена е олеснување на движењето на лица во инвалидски колички по скалите во училиштето.

Станува збор за проектот „Биди ИН, Биди ИНклузивен, Биди ИНклудиран“ од страна на Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“.

„Целта на овој проект беше подобрување на инклузивната клима во нашето училиште, односно овозможување на добри услови за секојдневно функционирање на наш ученик со моторни нарушувања кој се движи со инвалидска количка. Со оваа направа ученикот ќе има целосен пристап до сите простории во нашата училишна зграда. Се надеваме дека оваа направа ќе биде од корист и за сите идни генерации доколку имаат потреба од истата.

Ќе ја искористам оваа прилика, од името на  вработените, учениците и родителите, да изразам искрена благодарност до Фондацијата „Чекор по чекор“ за донацијата на оваа направа, а исто така да искажам благодарност до Локалната самоуправа, до Општина Прилеп и градоначалникот Борче Јовчески за несебичната поддршка која ни ја даваат за реализација на вакви проекти со кои значително се подобруваат условите за работа и учење“, изјави директорот на училиштето Влатко Кузманоски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира