23.06.2022 на територијата на СВР Битола, полициски службеници спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возила со брзина поголема од пропишаната.
Притоа, санкционирани биле 26 возачи, од кои 5 санкции се изречени на територија на Битола, 8 на територија на Ресен, 7 во Прилеп, 4 во Демир Хисар и 2 во Крушево.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.